По Работнички синоќа, и Феникс 2010 денеска со преубедлив пораз стартуваше во квалификациите во ФИБА Европа купот, четврто по ранг натпреварување на Стариот Континент, зад Евролигата, Еврокупот и Лигата на шампионите на ФИБА.
Скопскиот Феникс, кој има пет Американци во своите редови, загуби од кипарскиот Керавнос со 60-107 во меч на кој кај кипарскиот тим седум различни поединци имаа 12 или повеќе поени.
Секоја чест за амбициозноста на Работнички и Феникс да се пријават за настап во Европа, вака и тие и целата јавност барем гледаат до каде сме во однос на останатите просечни и потпросечни европски клубови.