Саудиски Ал-Хилал победи со 3-0 на гостувањето кај иранскиот клуб Насаџи во азиската Лига на шампиони, во меч на кој Нејмар го постигна својот прв гол во дресот на најпопуларниот и најтрофејниот клуб во Саудиска Арабија.
Нејмар, кој по четврти пат играше за Ал-Хилал, даде убав гол за 2-0 (првиот го даде Александар Митровиќ, третиот Ал Шехри) и на неговиот тим му се зголемија шансите за пласман во следната фаза. Инаку, Нејмар се жалеше на теренот на стадионот во Техеран, но се покажа дека токму таму го даде дебитантскиот гол за Ал-Хилал.
https://twitter.com/i/status/1709259865267257797