Англиската Премиер лига ја објави официјалната аудиоснимка од разговорот меѓу главниот судија Симон Хупер и арбитрите во ВАР-собата за време на мечот Тотенхем – Ливерпул.
На овој меч во Лондон се случи скандалозна одлука, кога во првото полувреме при резултат 0:0 беше поништен гол на Ливерпул, а ситуацијата покажа дека погодокот е регуларен. На крајот, Тотенхем победи со 2:1, и тоа со гол во 90+5 минута, а за гостите остана горчината дека се оштетени.
Од Премиер лигата набрзо ја признаа грешката и соопштија дека грешката била кај судиите во ВАР-собата. Според конверзацијата меѓу судиите, тие од ВАР-собата му порачуваат на главниот арбитер дека донел добра одлука, мислејќи дека не е офсајд, а Хупер одлучува дека голот треба да е поништен сфаќајќи дека тоа е добрата одлука.
Комплетниот аудиозапис покажува многу нервоза кај судиите кога ќе сфатат дека направиле кардинална грешка.
„Проверката е завршена, проверката е завршена. Тоа е одлично, перфектно. Играта може да продолжи“, велат судиите од ВАР-собата, а потоа се јавува и главниот арбитер од теренот: „Секоја чест момци, добро завршена работа“.
Дури откако фудбалерите ќе го изведат офсајдот, од ВАР-собата ќе почне да реагираат дека тоа не е исправната одлука. „Чекај, чекај, чекај. Одлуката на теренот е офсајд? Дали си среќен за тоа? Фотографијата која ја покажавме покажуваше дека не е офсајд“, велат од ВАР-собата, а потоа се слушаат пцовки. „Сопрете ја играта. Оливер, кажи им да ја стопираат играта. Не можеме ништо да направиме во овој момент“, велат судиите од ВАР-собата, а потоа повторно се слушаат многу пцовки.
🚨 @PremierLeague release official VAR audio from Luis Diaz's disallowed goal vs Tottenham.
Full statement: https://t.co/buvq5mG2q3 pic.twitter.com/a8zjGgcOCO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 3, 2023