Милевски повика 25-мина фудбалери за клучниот дуел против Украина и пријателската со Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација во позитивно расположение ќе се собере за претстојните два меча кои ќе ги игра овој месец. Македонија во септември одигра два одлични дуела откако прво дома одигравме 1:1 против актуелниот европски првак Италија, а потоа на гости со 2:0 ја победивме Малта.

Сега нашата селекција најпрво ќе игра на гости против Украина на 14 октомври во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година (на неутрален терен во Прага), а три дена подоцна следува пријателскиот меч против Ерменија, кој ќе се игра во Струмица.

Селекторот Благоја Милевски го откри составот од 25-мина фудбалери кои се повикани за овие два меча, а меѓу повиканите се:

- Оглас -

Најнови вести