Маркес си оди од Хонда, се раскина една од најплодните соработки во историјата!

Хонда рејсинг и Марк Маркес предвреме го раскинаа договорот кој важеше до 2027 година и оваа 2023 година ќе биде последна за шпанскиот трофеен мотоциклист како возач на Хонда во Мото ГП шампионатот.

Маркес цели 11 години возеше мотор на Хонда и во овој период освои шест титули во Мото ГП и имаше 59 победи и 101 место на подиумот.

Хонда му посака среќа на Маркес во иднина, а иднината на големиот шампион најверојатно ќе биде во тимот на Дукати, каде што е неговиот брат Алекс. Марк и Алекс Маркес беа заедно и во Хонда во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести