Возбудливи 45 минути се одиграа на шест стадиони низ Европа на кои вечерва се играат натпреварите од Лигата на шампионите.
Шампионот на Србија, Црвена ѕвезда, има предност од 1-0 по првиот дел против Јанг Бојс со голот на сенегалскиот интернационалец Ндијае во 35-тата минута.
Најголема предност по првиот дел има екипата на Њукасл, која води со 2-0 против ПСЖ со головите на Алмирон и Брн.
Бранителот на трофејот, Манчестер сити, има минимални 0-1 по првите 45 минути на гостувањето во Германија против Лајпциг. Единствениот погодок беше дело на Фоден во 25-тата минута.
Резултати:
Селтик – Лацио 1-1
Црвена ѕвезда – Јанг бојс 1-0
Борусија Дортмунд – Милан 0-0
Порто – Барселона 0-1
Њукасл – ПСЖ 2-0
Лајпциг – Манчестер сити 0-1