Фудбалерите на Црвена ѕвезда имаа предност од 1-0 против Јанг бојс, но на крајот спасуваа бод откако шампионот на Швајцарија направи пресврт и поведе со 1-2. Бодот за Црвено-белите го донесе Букари во 88-мата минута, а лудницата на белградска „Маракана“ или „Рајко Митиќ“, како што е официјалното име на стадионот во Белград, ја следеше и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Србинот не го држеше место, па мечот го следеше од на нозе, а погледнете ја неговата реакција и лудото славење на голот за водство на Црвена ѕвезда.
Slavlje Novaka posle gola Zvezde pic.twitter.com/Ca7AsTGTdy
— Kalabaster (@KalabasterJak) October 4, 2023