Љубителите на кошарката од вечерва ќе имаат задоволство да ја следат новата сезона во Евролигата, а за обложувачите ова е богата понуда плус во нивниот избор што да одиграат на тикетите уплатени во Sport Life. Втора сезона по ред ќе нема руски клубови и пак се истите 18 клубови од минатата сезона.
Вечерва се играат пет меча, првиот е во Белград помеѓу Црвена ѕвезда и Асвел Вилербан. Реновираниот српски тим е фаворит според квотите. За разлика од минатата сезона, во оваа и Ѕвезда ќе игра во „Штарк арената“, па со Партизан ќе имаат битка и околу тоа кој ќе биде најпосетен тим во Европа.
Црно-белите, кои лани беа на прагот од пласман на фајналфорот, сезонава ја почнуваат со гостување кај Макаби. Традицијата е против Партизан, Црно-белите 13 години не знаат за победа во Тел Авив, па Гордоста на Израел е фаворит.
Интересно треба да биде и во Барселона, каде што ќе гостува Анадолу Ефес, а во Минхен ќе се игра германско дерби помеѓу Баерн и Алба.
За вечерашните мечеви има 49-мина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.
Исто така, може да се обложите и на тоа кој ќе биде европски првак. Прв фаворит е бранителот на трофејот Реал Мадрид, веднаш зад него се Монако и Панатинаикос, па Фенербахче, Олимпијакос и Барселона.
На Партизан му се даваат поголеми шанси отколку на Ѕвезда. Квотата за Партизан е 15, а за Црвено-белите е 20.