Во НБА се тргува на ангро и безмилосно: Прелџиќ не одиграл ни секунда, а веќе шестпати го трампаа

Во НБА-лигата има уште малку време за размена на играчи или се ближи популарниот „Трејд дедлајн“, а се случуваа навистина интересни работи, иако немаше спектакуларни трампи.

Харисон Барнс во текот на натпреварот ноќеска со Шарлот хорнетс разбра дека ќе биде нов кошаркар на Сакраменто, во размена за Џастин Џексон и Зак Рендолф, кои ќе патуваат за Далас.

Тоа само покажува колку НБА-трампите понекогаш се безмилосни, а кошаркарите менуваат средина против своја волја, честопати и со информација како во случајот со Барнс, во тек на натпревар или во последен момент.

Сепак, во НБА има случај и за рубриката „верувале или не“, а во фокусот е турскиот репрезентативец Емир Прелџиќ.

Прелџиќ, кој има 31 година, нема минато ниту една секунда на паркетот во НБА-лигата, воопшто и не рзмислува да игра во најсилната професионална лига, а веќе шестпати беше разменет во познатите трампи на кошаркари.

Во 2009 година како 57-ми пик на драфтот го одбраа Феникс санс, а веднаш го испратија во Кливленд. Следната година Прелџиќ пак си беше играч на Фенербахче, но во НБА го смени дресот, па од Кливленд замина во Вашингтон. Како обичен производ заведен на фактура, во 2014 година повторно го трампаа, од Вашингтон во Далас. Потоа како додаток во уште три размени го селеа во Индијана и во Торонто, а од вчера е играч на Филаделфија, но само ако одлучи да игра во НБА-лигата, што е речиси невозможна варијанта за 31-годишен кошаркар.

 

- Оглас -

Најнови вести