Динамо шокиран на Косово: Балкани со 2:0 го победи хрватскиот првак (Видео)

Косовскиот шампион Балкани забележа историска победа во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА откако на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина со 2:0 го победи Динамо Загреб.

Домаќините одиграа цврсто во одбраната, а во нападот со два блесока стигнаа до два погодока, по еден во финишот на двете полувремиња. Се играше 44-тата минута кога Алмир Криезиу постигна одличен гол, кој прво беше поништен поради наводен офсајд, но по преглед на ситуацијата, погодокот беше признат и Балкани поведе со 1:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Во вториот дел Балкани одлично се одбрани, а во 83-тата минута ги реши сите дилеми околу победникот кога Алжирецот Валид Хамиди погоди за 2:0 и нова радост на домашните фанови.

Големо изненадување приреди и Лугано, кој губеше со 2:0 на гостувањето кај Бешикташ, а на крајот успеа да го победи турскиот гигант во Истанбул со 3:2. Во останатите мечеви: Астана – Викторија П’лзењ 1:2, Бодо/Глимт – Бриж 0:1, Брејдаблик – Зорија 0:1, Гент – Макаби Тел Авив 2:0, Клаксвик – Лил 0:0, Олимпија Љубљана – Слован Братислава 0:1.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести