Вилјареал го победи Рен со 1-0 во Лигата на Европа, а гостите од Франција во 92-рата минута имаа пенал со којшто можеа да се изборат за нерешен резултат.
Голманот Пепе Реина, кој има 41 година, покажа дека класата е вечна, го одбрани пеналот на Мартен Терие и спречи изедначување, па тој е јунак на Жолтата подморница.
Инаку, Реина синоќа го имаше 187-миот настап во европските купови со што го надмина својот легендарен колега Икер Касилјас на листата на Шпанци со најмногу мечеви во еврокуповите. Пред него е само Кристијано Роналдо со 197 меча.