Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Франција казни четворица фудбалери на ПСЖ со условна казна од еден меч суспензија поради навредливо скандирање на сметка на фудбалерите на Олимпик Марсеј по нивниот меѓусебен дуел.
Комисијата ги испрашала Осман Дембеле, Рандал Коло Муани, Левен Курзава и Ашраф Хакими откако беа снимени како ги навредуваат играчите на Олимпик Марсеј по победата од 4:0 во дуелот од Лига 1 кој се играше минатиот месец.
Четворицата фудбалери на ПСЖ се извинија за својата постапка, по што добија условни казни.