Младиот хрватски кошаркар Звонимир Ивишиќ ја загрози својата кариера во американската НЦАА-лига бидејќи со задоцнување од два месеца го исполни условот да се запише на Универзитет во САД.
Екстраталентираниот кошаркар неколкупати паднал на тестот по англиски јазик, кој е неопходен за да може да стане студент и да игра за кошаркарскиот тим на Универзитетот Кентаки.
Според хрватските медиуми, Ивишиќ дури во средата успеал да се запише на Универзитетот Кентаки и сега мора да го надомести тоа што го пропуштил во претходните два месеца со студиите.
Експертите му предвидуваат блескава кариера на Ивишиќ во НБА-лигата и сметаат дека на идниот избор на драфтот ќе биде избран на висока позиција.