Кристијано Роналдо и Ал-Наср имаа предност од два гола, но на крајот мораше да се задоволат со реми (Видео)

Десет победи во серија имаше екипата на Ал-Наср во сите натпреварувања се до вечерва, кога направи голем кикс на домашен терен против Абха. Sвездениот Ал-Наср предводен од Кристијано Роналдо имаше голема предност од 2-0 после само половина час игра, откако Отавиа во третата и Талиска во 28-мата минута погодија во мрежата на противникот.

Сепак, фудбалерите на Абха во 36-тата минута намалија на 2-1 преку Бгур, а вистински шок за Ал-Наср следуваше во втората минута од судиското продолжение на времето. Репрезентативецот на Камерун, Карл Токо Екамби со вистински еврогол од 20-тина метри успеа да го погоди и да донесе израмнување и голем бод за екипата на Абха.

- Оглас -

Најнови вести