Макс Ферстапен и официјално е старо-новиот светски шампион во Формула 1 шампионатот. Тоа стана јасно откако вечерва го освои второто место на спринт трката во Катар.
На холандскиот возач вечерва му беа потребни само три поени за и теоретски да ја обезбеди третата титула во кариерата. Ферстапен веќе е недостижен за конкурентите, а неговата екипа, Ред Бул, титулата во конкуренција на конструктори ја обезбеди уште на минатата трка.
Победник на вечерашнава спринт трка за ГН на Катар беше Оскар Пјастри од Мекларен, кој за речиси две секунди беше побрз од Ферстапен. Понудиумот го комплетираше уште еден возач на Мекларен, Ландо Норис.
Поени освоија и Расел, Хамилтон, Сајнц, Леклер и Албон.