Ферстапен десетти пат сезонава трга од пол-позицијата, до сега секогаш победуваше (Фото)

Вечерва од 19 часот на програмата е 17-тата трка од Формула 1 шампионатот, за ГН на Катар. Како и на претходните 16 трки, фаворит за победа е возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој воедно ќе тргне од пол-позицијата.

Ова за него е 10-та пол-позиција оваа сезона, и секогаш кога беше во ваква позиција на крајот и победуваше. Токму затоа и квотата за негова победа денес е само 1.16, додека втор фаворит за победата е Расел со квота од 13. Квотата за победа на Хамилтон е 15, додека за Норис е 17, но не треба да се заборави ниту одличниот викендов Оскар Пјастри кој победи на спринт трката, а за победа денес има квота од 26.

И за пласман на пиедесталот фаворитите се слични со едноцифрени квоти за Ферстапен, Расел, Хамилтон, Норис, Пјастри и Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести