Руни ја заврши епизодата во САД, сега е во потрага по нов ангажман

Легендарниот англиски напаѓач, Вејн Руни, ја заврши својата авантура во ДС Јунајтед во МЛС лигата, откако спогодбено го раскина договорот, бидејќи екипата не успеа да се пласира во плеј-офот.

Тој минатата година дојде на тренерската функција на клубот од МЛС лигата, откако претходно беше тренер на Дерби каунти и со победа го заврши првенството од 2-0 над Њујорк. Сепак, моменталниот пласман на деветтата позиција иако носи пласман во разигрувањето, сепак конкурентите на ДС јунајтед имаат да одиграат уште по еден или два натпревари и секако ќе го минат на табелата.

Запрашан што планира сега, Вејн Руни, само кусо прокоментира: “Немам ништо договорено“.

 

- Оглас -

Најнови вести