Кристијано Роналдо веќе две децении блеска на светската фудбалска сцена. Португалецот во јануари направи неочекуван потег кога реши да си замине од европскиот фудбал и потпиша договор со Ал Наср во Саудиска Арабија.
Неговиот договор со Ал Наср е до јуни 2025 година, но според најавите, тоа нема да биде крајот на Роналдо. Новинарите од Саудиска Арабија најавуваат дека Кристијано е подготвен да го обнови договорот со Ал Наср до крајот на 2026 година и тоа само поради една цел.
„Кристијано сака да игра на Светското првенство во 2026 година и тоа како играч на Ал Наср, а потоа ќе стави крај на кариерата. Тоа ќе биде негов последен настап на Мундијалот во кариерата“, стои во најавите од Саудиска Арабија.
За време на СП 2026 година Роналдо ќе има 41 година и ако успее да заигра на тој Мундијал, Португалецот ќе биде првиот и единствен што бил дел од дури шест планетарни собири.