Српскиот репрезентативец на кој му пропадна трансферот поради татко му, сега е пред потпис со Јувентус

Репрезентативецот на Србија, Лазар Самарџиќ, летово беше многу блиску до потпис со Интер, но трансферот му пропадна поради големите побарувања на неговиот татко. Самарџиќ остана во Удинезе, но сега се шпекулира дека веќе на зима ќе потпише за Јувентус.

Планот на екипата од Торино е да го ангажира како позајмен за шест месеци, со задолжителен откуп доколку Јувентус се пласира во Лигата на шампионите. Според информациите од Италија, српскиот репрезентативец би немал ништо против својата кариера да ја продолжи во редовите на “старата дама“.

Од Италија пристигнуваат информации дека, освен Самараџиќ, на радарот на Јувентус се уште двајца фудбалери. Се работи за данскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Пјер-Емил Хојбер и фудбалерот на Сасуоло, Доминик Берарди.

- Оглас -

Најнови вести