Поранешниот фудбалер на Јувентус, а сега асистент во репрезентацијата на Хрватска, Марио Манџукиќ, беше во посета на поранешнот клуб. Од Јувентус објавија видео од посетата на хрватот и средбата со тренерот Масимилијано Алегри, а навивачите беа воодушевени и не забораваат што се има направено Манџукиќ за нивниот клуб.
Јувентус дури и го нарече хрватот “Супер Марио“ во својата објава. Манџукиќ го носеше дресот на Јувентус од 2015-тата до 2019-тата година и со “старата дама“ освои четири тирули во Серија А, три купа на Италија, еден Супер куп, а играше и едно финале во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/juventusfc/status/1711757335553552801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1711757335553552801%7Ctwgr%5E47fba8deccc4891f070237f4f160d27c1c11e1c2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fjuventus-objavio-video-s-mandzukicem-navijaci-su-odusevljeni%2F2502793.aspx