Тренерот на Шкендија Арачиново, Мерван Илјази, почина откако неодамна бил погоден од залутан куршум за време на семејна прослава.
Веста за трагичниот настан ја објави Шкендија Арачиново на социјалните мрежи притоа објавувајќи дека Илјази долго време се борел за својот живот, но на крајот ја загубил најважната битка.