Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е елиминиран во осминафиналето на Челинџер турнирот во Братислава, Словачка. Интересно е што Ивановски, кој е 331-ви тенисер на АТП ранг-листата, загуби од играч кој е едно место пред него.
Откако ги помина квалификациите и славеше во првото коло, Ивановски денеска во два сета загуби од Американецот Мартин Дам во два сета. Точно за 64 минути игра, Дам славеше со 6:3,6:4.
Во првиот сет доволен беше еден брејк во четвртиот гем за Дам да слави со 6:3 и да поведе со 1-0 во сетови.
И во вториот сет имаше само еден брејк кој го направи Дам, по што успеа да ја зачува предноста за триумф од 6:4 и пласман во следната рунда.