Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, рече дека многумина би се израдувале ако тој биде сменет од функцијата во римската Волчица.
Рома бележи лоши резултати во Серија А, има само 11 бода од осум меча, па Мурињо трпи многу критики.
„Постои Антимурињизам, особено во Рим. Луѓето кои не ме сакаат, се радуваат кога Рома нема да победи и кога нема успеси во Европа. Тие се забавуваат кога губиме“, вели Мурињо, кој со Рома ја освои Конференциската лига, а потоа на пенали загуби финале во Лигат на Европа.