Пелистер беше одличен, но не доволно за да извлече поволен резултат од Париз

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го доживеаја и четвртиот пораз во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Париз, од ПСЖ со ??-??. Битолчани одиграа одличен натпревар. Во текот на речиси целиот натпревар беше тука некаде, блиску до противникот, но не доволно за да се врати со поволен резултат од Париз.

Еурофарм Пелистер двапати имаше водство во почетната фаза од мечот, со 5-6 и 6-7, но ПСЖ во финишот на првото полувреме дојде до максимални +3 за предност на паузата од 15-12.

Во второто полувреме битолчани тргнаа одлично, се доближија и само на минус еден, 20-19 за ПСЖ, но домашните брзо се одлепија на 25-20 и тука веќе го решија победникот на мечот.

Најефикасен на натпреварот во Париз беше домашниот ракометар Сипржак со седум гола, додека во екипата на Еурофарм Пелистер најмногу голови постигнаа Пешевски, Борзаш и Тајник, по пет.

- Оглас -

Најнови вести