Повеќе од 1.000 македонски навивачи се подготвуваат да дадат поддршка за нашите фудбалери од трибините на стадионот на Старта Прага во дуелот против Украина. Популарната Фаланга веќе два дена се загрева во Прага.
Нашите фанови прават фантастична атмосфера, дури и дождот не може да им го расипе расположението. Сега се на ред фудбалерите да одиграат феноменално на теренот и да се комплетира ова одлчно расположение меѓу фановите.