Бугарија е на дното со само два бода, а селекторот убедува дека се на вистинска патека

Фудбалската репрезентација на Бугарија вчера загуби на свој терен од Литванија со 0:2 и падна на последното место во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. По шест кола, Бугарија уште нема ниту една победа и со само два бода нема никакви шанси да се надева за место на континенталниот собир.

Со само два освоени бода, Бугарија е најслабата балканска репрезентација во овие квалификации, а нивниот тренер Младен Крстајиќ, верува дека ова е вистинската патека по која треба да оди националниот тим.

„Секако дека сум тажен затоа што загубивме. Вие можеби имате други очекувања, но ова е млад тим кој една година го градиме. Сите во тимот имаа голема желба за победа, но едноставно изгоревме. Во првото полувреме требаше да играме поагресивно, имавме и шанса за гол при 0:0, а потоа примивме евтин гол, а и добивме црвен картон. Кога дојдов за селектор беше неминовно да направам големи промени, донесовме млади фудбалери кои треба да бидат заедно и во следните 10 години. Да не заборавиме на мечевите со Црна Гора, на дуелот со Србија, потоа со Црна Гора на гости и со Литванија на гости, каде малку фалеше да имаме 6-7 бодови и да збориме за некои други работи. Навивачите гледаат само колку бодови имаш, но оној што работи во фудбалот гледа дека има напредок во тимот и се движиме во вистинската насока, но за жал табелата не го покажува тоа“, рече српскиот стратег Крстајиќ кој е на чело на бугарската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести