Фудбалската репрезентација на Португалија предводена од Кристијано Роналдо, во вторник гостува кај Босна и Херцеговина, и тоа во Зеница, а во овој град преземени се големи мерки за безбедност.
Хотелот и паркингот пред хотелот ќе бидат затворени за јавност. Во хотелот ќе смее да влезат само вработените, бидејќи Португалците барале целосен мир, како и соби за состанок и рекреација.
Кристијано Роналдо има и лично обезбедување, а целиот португалски тим ќе го чуваат повеќе од 50 полицајци и припадници на приватна агенција за обезбедување.
Со гостите од Португалија стигнал и готвач кој ќе го надгледува правењето на јадењата во хотелската кујна.