Тимот губеше со 0-1, голманката тргна во напад и даде два гола за 2-1!

Хрватската репрезентативна голманка, Стефани Сесилија Буковец, направи подвиг на еден натпревар од хрватското првенство.

Буковец која брани за Сплит, на вчерашното гостување кај Аграм, постигна два гола и му донесе победа со пресврт на својот тим.

На пауза резултатот беше 1-0 за Аграм, а тренерот на Сплит реши на голот да ја испрати резервната голманка, додека Буковец од голот ја пресели во напад. Стефани се покажа како одлична голгетерка како во филмска приказна, со два гола донесе победа од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести