Репрезентацијата на Турција убедливо со 4:0 ја победи Летонија и со тоа го обезбеди местото на завршницата на Европското фудбалско првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Турција е прва со 16 бода, додека Велс и Хрватска имаат по 10 на две кола пред крајот.
По победата над Летонија, турските фудбалери се радуваа и прославуваа како на теренот, така и во соблекувалната. Во соблекувалната имаше голем звучник на којшто ечеше турска традиционална песна, а фудбалерите фатени за рака играа турско оро во ритамот на музиката.
https://twitter.com/i/status/1713666238067421264
Еден од најзаслужните за овој успех на Турција е и селекторот Виченцо Монтела. Во сред квалификации, Турција го смени Германецот Штефан Кунц и на негово место го постави Монтела, кој успеа да ја победи Хрватска во Осиек, а сега со триумфот дома против Летонија го комплетира големиот успех.
Монтела стана и еден од омилените кај навивачите на Турција.