Мурињо на крајот од сезоната и дефинитивно си оди од Рома

Жозе Мурињо по завршување на сезоната ќе си замине од Рома, тврди италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио.

Според Ди Марцио, двете страни воопшто не преговараат за нов договор, ниту пак има некакви сигнали дека такво нешто може да се случи. Многу веројатно е дека следна станица во тренерската кариера на Мурињо ќе биде Саудиска Арабија, од каде што летово доби безобразна понуда која ако ја прифатеше, ќе беше најдоброплатен тренер во историјата.

„Нема да има нов договор, такво нешто нема шанси да се случи бидејќи никогаш ниту имало некакви преговори за продолжување на соработката. Двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната. Кога ќе стане слободен, Мурињо повторно ќе биде на цел на саудиските екипи кои летово му нудеа неверојатни суми. Останува да се види што мисли Мурињо за својата иднина, дали ќе се пресели во Саудиска Арабија или ќе остане во Европа“, изјави Ди Марцио.

- Оглас -

Најнови вести