Фудбалскиот клуб Работнички добива нов сопственик откако денеска на Македонска берза беа продадени акциите на овој клуб. Се работи за 250 акции, а вредноста на целата трансакција е 36.904.250 денари, пари кои ако се претворат во евра се доаѓа до сумата од 600.000 евра.
Нов газда на Работнички ќе биде турскиот „Џевахир“, кој според информациите од Македонска берза откупи 100% од основната главнина.
Се очекува дека новиот газда ќе има амбиции да го врати некогашниот македонски првак на поранешните победнички патеки. Најавени се посериозни вложувања во клубот, а сигурно дека целта ќе биде освојување нови трофеи.