Меси даде два гола и сруши рекорд, но дрибингот што го направи е за неверување (Видео)

Аргентина продолжува со неверојатната резултатска низа откако со 2:0 победи на гости кај Перу, во меч од квалификациите за Светското првенство 2026. Гаучосите се перфектни со четири победи во четири меча и ниту еден примен гол во квалификациите, со што само ја потврдува моќта која ја има актуелниот светски првак.

Во последните 51 натпревар што Аргентина ги одигра, има само еден пораз, и тоа беше тој од Саудиска Арабија на стартот од Светското првенство во Катар. Утрово, на гостувањето кај Перу, уште еднаш како вистински лидер се покажа Лионел Меси. Капитенот на Аргентина ги постигна двата гола и со тоа постави еден интересен рекорд.

Стана фудбалер кој најбрзо стигнал до бројката од 820 погодоци во кариерата. На Меси му беа потребни 1.044 меча за да стигне до 820 гола, додека како за споредба, Кристијано Роналдо го постигна 820-тиот погодок на својот 1.148-ми натпревар.

Освен двата гола против Перу, Меси имаше и шоу по дриблање, а посебно воодушеви со еден потег што го направи покрај аут-линијата.

- Оглас -

Најнови вести