Дербито во шампионатот на Босна и Херцеговина меѓу Борац и Сараево заврши без победник 1:1, а мечот го одбележа неверојатниот пропуст на судиите, и тоа во последните моменти од мечот.
Гостите поведоа во 68-мата минута со голот на Хасиќ, додека домаќинот израмни во петтата минута од судиското продолжение, и тоа со гол од офсајд кој не го видоа само судиите.
Имено, голманот на Сараево го одбрани ударот со глава на Кортез, но топката ја одби до еден од тројцата играчи на Борац кои беа во недозволена ситуација и судијата Муса наместо да свирне офсајд, го призна голот.
FK Borac equalise against FK Sarajevo in the 95th minute. THREE (!!) players are two metres offside.
Apart from that, referees awarded 12 fouls to Borac and 33 to FK Sarajevo.
One can only laugh at what NFSBIH does with the domestic league. pic.twitter.com/xTjF1nxM2O
— BiHFootball (@BiHFootball) October 18, 2023
Гостите реагираа поради оваа одлука на судиите, но бидејќи нема ВАР-технологија во шампионатот на БиХ, резултатот не беше променет, што ги револтира и медиумите во оваа земја.
„Невидена лакрдија: Офсајд чист како солза, а помошниот судија спие“, е еден од насловите во медиумите во БиХ.