На голот на Милан во дербито против Јувентус ќе брани 41-годишен кој две и пол години нема настап

По паузата за репрезентативен фудбал, во Европа се враќаат возбудувањата на клупската сцена. Еден од најитересните мечеви за викендот кој следува е дуелот меѓу Милан и Јувентус во Серија А.

Росонерите се домаќини на „Сан Сиро“, и тоа како лидери на табелата, додека Старата дама е трета со четири бода помалку. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, има големи проблеми околу голманската позиција.

Првата опција на голот на Милан, Мајк Мињон, заработи црвен картон во претходното коло против Џенова и е суспендиран, додека неговата резерва, Марко Спортиело неочекувано заработи повреда на мускулот на ногата и ќе мора да мирува во следните 10-тина дена.

Во една ваква ситуација, Пиоли мора да се фокусира на третиот голман во екипата, а тоа е ветеранот Антонио Миранте. Искусниот 41-годишен Миранте нема брането две и пол години. Последен пат на теренот беше во април 2021 година, уште кога го носеше дресот на Рома.

- Оглас -

Најнови вести