Летната пауза за одбојкарските клубови во машка и женска конкуренција заврши и веќе утре нè очекува стартот на новата сезона. Дванаесет екипи во машка и 8 екипи во женска конкуренција ќе се борат за трофеите од првенството на Македонија, кои минатата сезона ги освоија екипите на Струмица кај мажите и Работнички кај девојките.
Во машка конкуренција се чини дека екипата на Струмица нема да има проблеми да стигне до нова титула доколку не се случи нешто непредвидено, а предизвикувачи ќе има во екипите на Лирија, која сериозно се засили, и Универзитет Тетово. Секако, не треба да се заборават и секогаш квалитетните екипи на Борец, Штип, Шкендија, Работнички и Пробиштип, кои, секако, ќе сакаат да се вмешаат во борбата за трофејот.
Двојки – мажи:
Работнички – Весна Пробиштип
Штип УГД – Борец
Лирија – Македонија Џио
Сушево – Шкендија
Вардар – Јанта Волеј
Универзитет Тетово – Струмица
Во женска конкуренција се очекува многу понеизвесна борба за трофејот, кој минатата сезона заврши во витрините на одбојкарките на Работнички, кои заедно со Јанта Волеј се најсериозни кандидати за титулата. Во новата сезона и двете екипи од Струмица влегуваат со високи амбиции, а странски одбојкарки оваа сезона ќе има речиси во сите екипи.
Двојки – жени:
Вардар ЕМ – Јанта Волеј
Струмица – Фит Фан Волеј
Вардар – Наковски Волеј
Младост УГД – Работнички