Калин Ивановски наскоро ќе биде пред Рафаел Надал на АТП листата

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој не игра поради повреда, има 0 бодови и веќе го нема на АТП листата, а истата судбина може да ја доживее и Рафаел Надал.

Надал го запреа повредите, годинава играше само на Австралијан опен, па во моментов е на 243-то место на АТП листата со 255 поени, а со неучество на завршниот турнир во Торино, ќе загуби уште 200, пред тоа уште 10 од Париз, па следната 2024 година Надал ќе ја почне со само 45 поени на своето конто. Ако не игра ни на Австралијан опен во јануари, и Надал ќе го снема од АТП листата.

Во моментов, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, има 176 поени и се наоѓа на 305-тото место на светската ранг листа, 60-тина места зад Надал, па наскоро може и избие пред него, а после нова година тоа е сигурно.

- Оглас -

Најнови вести