Трет пораз по ред за Црвена звезда Евролигата, во вечното дерби еден тим ќе ја прекине лошата серија 

Кошаркарите на Црвена звезда го доживеаја третиот пораз по ред во Евролигата откако вечерва загубија со 85:79 на гостувањето кај Виртус Болоња.
Црвено-белите по убедливата поведа на стартот над Асвел доживеаја три порази во низа од Жалгирис, Монако и вечерва од Виртус и по четири кола имаат идентичен скор како и вечниот ривал Партизан, пред нивната меѓусебна пресметка во следното коло.
Црвена звезда очајно го започна натпреварот, дури од десеттиот шут ја погоди првата тројка, а лопата игра ја искористи италијанскиот тим да направи предност од дури 15 поени уште во првата четвртина. Црвено-белите се обидуваа да се вратат во игра и тоа им успеа во последната четртина иако во 35-та минута имаа негатива од 14 поени (73:59).
На 78 секунди до крајот, со тројката на Теодосиќ, Црвено-белите се приближија на 76:72, а на 40 секунди до крајот, Нејпиер погоди за 80:77, но италијанскиот тим го одби налетот во последните секунди и славеше со 85:79. Најдобар кај Виртус беше Марко Белинели со 15 поени, додека кај Црвена звезда, Шабаз Нејпиер постигна 23 поени.
Монако ја забележа втората победа по ред откако пред своите гледачи беше подобар од Алба Берлин со 86:75, додека Анадолу Ефес и го нанесе првиот пораз на Валенсија откако во неизвесна завршница славеше со 77:73.
Најубедлив настап имаше Барселона која пред своите гледачи со 98:59 го декласира Баерн Минхен.
Единствената гостинска победа ја оствари Макаби Тел Авив кој по продолжението од пет минути славеше во Атина над Панатинаикос со 81:86.
- Оглас -

Најнови вести