Хаос во Партизан: Тренерот се степа со фудбалер среде натпревар, а потоа откри во каква очајна состојба е клубот (Видео)

Партизан синоќа славеше со 3:0 на гостувањето кај Спартак Суботица во 12-то коло во српската Суперлига, а мечот го одбележа пресметката меѓу тренерот на Црно-белите, Игор Дуљај со својот фудбалер Квинси Мениг. По мечот, Дуљај откри колку е лоша состојбата во клубот.

Дуљај во финошот од мечот влезе во конфликт со Менинг кој беше лут поради одлуката на својот тренер. Имено, тренерот во финишот го повика својот играч од клупата и сакаше да го внесе во игра, но потоа се премисли во 87-та минута го врати на клупата.

Мениг полуде поради тој потег на тренерот и дојде до физичка пресметка додека останатите играчи се обидуваа да ја смират ситуацијата.

 

По мечот, тренерот Игор Дуљај, не сакаше да зборува за инцидентот, туку се осврна на лошата состојба во тимот.

„Морам да кажам дека не му се помага на Партизан. Нека се лути кој сака, но јас не можам повеќе. Овие момци тренираат, а јас морам да размислувам дали ќе ги исфрлат од стан, дали ќе добијат плата. Што треба да им зборувам? Зелена трева, сино небо, дека на пролет цутат цвеќињата. Нека го сменат тренерот, но дајте им на момците да се прехранат, да ги нахранат семејствата, роднините,бидејќи многу луѓе живеат од ова. Морав да го кажам ова бидејќи ми лежи на срцето. Не можам повеќе пред фудбалерите да размислувам дали некој добил пари за да ја плати станарината, дали некого ќе исфрлат од стан, дали некој има пари за да купи млеко за своето дете“, изјави Дуљај.

- Оглас -

Најнови вести