Среќа за Лацио што постои ВАР, поништено исклучувањето на голманот

Лацио триумфираше на гостувањето кај Сасуоло со 2-0, а најинтересната ситуација на овој меч од Серија А се случи во 65-та минута кога на голманот на лацијалите му беше покажан црвен картон за играње со рака надвор од 16-никот.

Проведел беше во шок, беше убеден дека не треба да биде исклучен, а тоа го потврдија и снимките кои се проверуваа во ВАР собата, па римските орли сепак останаа со 11-мина на терен.

Откако му беше поништен црвениот картон, помошниот судија кој згреши се извинуваше и како да бараше прошка, а голманот Проведел му порача: „Не се грижи“.

- Оглас -

Најнови вести