Еурофарм Пелистер е голем фаворит против десеткуваниот Вардар во вечното ракометно дерби (Фото)

Вечерва со почеток во 18 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра третото вечно ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар оваа сезона. На претходните два натпревари, по еден во првенството и Супер купот, Вардар успеа да го победи Еурофарм Пелистер со 30-25 и 30-26, но скопските “црвено-црни“ вечерва во Битола патуваат десеткувани и со се уште непознат состав, поради вирозата која ја зафати екипата, а од која беа заразени 15-тина членови.

Вардар бараше одложување, а битолчани не прифатија и сега како големи фаворити влегуваат во дуелот кој може да го одлучи пласманот во групата, но и кој ќе стартува од поповолна позиција во битката за титулата. Тоа го покажуваат и квотите во Sport Life, кој велат дека Еурофарм Пелистер е голем фаворит со квота од 1.20. Сепак, изненадување на Вардар на овој натпревар носи квота од 6.50, а секогаш во игра е нерешениот резултат, кој овојпат има квота од рамно 12.

 

- Оглас -

Најнови вести