Докторот не потпишува дека играчот на Панатинаикос е повреден, судијата нареди играчите да се вратат на терен, но…

Натпреварот меѓу Олимпијакос и Панатинаикос кој се игра во рамки на осмото коло од грчката Суперлига, сè уште е во прекин и сè уште траат убедувањата натпреварот да се доигра.

Мечот беше прекинат во 56-та минута при резултат 1:1 кога играчот на Панатинаикос, Хуанкар, кој во моментите додека се загреваше покрај аут-линијата, петарда пукна до него и го повреди.

Тогаш играчите на Панатинаикос се повлекоа во соблекувалната, а Хуанкар на носилки беше изнесен од теренот, но судијата Мареска од Италија, бара натпреварот фудбалерите на двата тима да се вратат и да го доиграат натпреварот.

Причина за неговото инсистирање да се доигра мечот податокот дека официјалниот доктор на натпреварот не потпишал документ дека Хуанкар е повреден. Од Панатинаикос тврдат дека фудбалерот не слуша, додека докторот смета поинаку.

- Оглас -

Најнови вести