Најдобрата словенечка шахистка, Лаура Унук, која има 23 години, на Инстаграм се пожали на условите во Албанија и Србија, каде што учествуваше на турнири. Младата Словенка била шокирана кога во тоалет видела таканаречен „чучавец“ наместо шолја.
„После девет дена во Албанија и 12 во Србија, среќна сум што се вратив во цивилизација во Словенија. Преживеав неколку вируси и 18 тешки мечеви, но врв беа тоалетите на автобуската станица во Белград. Уште не знам како да ги користам“ – напиша женскиот шаховски велемастор и објави фотографија од ВЦ-то во Белград.