Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, задутре во Битола го чека жесток натпревар против полски Кјелце, јасно е дека гостите ќе бидат големи фаворити и чудо би било ако не победат, но на битолчани работата ќе им биде малку олеснета.
Од Кјелце потврдија дека во Македонија нема да допатува Шимон Сичко, кој е прв стрелец во Лигата на шампионите сезонава со 37 гола на пет меча. Сичко има повреда на карлицата, здобиена на дуелот со Пик Сегед, па екипата на тренерот Талант Душебаев ќе биде хендикепирана.