Жирона е хит во Шпанија, но и да биде во топ 4 на крај, може нема да игра во Лигата на шампионите

Фудбалскиот клуб Жирона е хит сезонава во шпанската Ла Лига, после 10 кола се на делба на првото место со Реал Мадрид, имаат бод повеќе од Барселона, а три повеќе од Атлетико кој има и меч помалку, и иако има уште многу до крајот, веќе почнаа размислувања како би изгледало овој каталонски клуб да заигра во Лигата на шампионите.

Но, има и една лоша вест која отвора дилеми дали Жирона ќе смее да игра во ЛШ, доколку на крајот на сезоната биде меѓу првите четири на табелата.

Клубот е во сопственост на „Сити груп Абу Даби“, компанијата која е газда и на Манчестер сити.

УЕФА малку ги намали критериумите по ова прашање, дозволи во иста сезона во ЛШ да играат Салцбург и Лајпциг кои истотака имаат ист газда, компанијата Ред Бул, но ако Жирона се пласира во елитното натпреварување, секако ќе се разгледува ситуацијата и дали ќе има конфликт на интереси и какво влијание има Сити врз шпанскиот клуб.

Ако се процени дека влијанието е големо, тогаш нема да се дозволи овие два клуба заедно да играат во ЛШ. УЕФА секако нема да сака да ги исфрли Граѓаните од Манчестер, па Жирона ќе биде жртвувана.

- Оглас -

Најнови вести