Македонија Ѓорче Петров има нов шеф на стручниот штаб (Фото)

Тони Џангаровски ја доби довербата да биде нов шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓорче Петров, а прв асистент ќе му биде Боби Божиновски.

„Без размислување го прифаќам предизвикот бидејќи верувам во успех со оваа екипа. Веќе на следниот натпревар ќе покажеме дека Македонија ЃП е победничка екипа“ – рече Џангаровски кој е поранешен играч на Македонија ЃП, а беше дел и од стручниот штаб кој до викендов го водеше Горан Симов.

Во наредното коло, Лавовите играат дома против Тиквеш.

 

- Оглас -

Најнови вести