Англискиот премиерлигаш Ливерпул ги договорил сите детали со Виктор Осимен и наскоро ќе се седне на маса со раководството на Наполи за реализација на трансферот, објавија италијанските медиуми.
Новинарот од Неапол, Валтер де Маџо, објави дека одличниот напаѓач на Наполи, ги договорил сите детали со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и се очекува идното лето Осимен да се пресели во Премиер лигата.
Осимен минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А и беше еден од најзаслужните за освоенаа титула на Наполи по 33 години пауза, но сезонава односите меѓу него и управата на клубот предводена од Аурелио де Лаурентис се нарушени. Според италијанските медиуми, Осимен е во лоши односи и со тренерот Руди Гарсија и сака што побрзо да си замине од Неапол.
„Речиси и да нема никаков однос повеќе меѓу Осимен и Наполи. Ливерпул е првиот тим кој преговараше со Ливерпул и Виктор веќе ги договори сите детали и во 2024 година ќе го облече црвениот дрес. Засега разговорите се водени на релација клуб-игра, но се уште нема преговори меѓу двата тима“, открива Де Маџо.
Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, во летниот преоден рок бараше најмалку 150 милиони евра отштета за Осимен, но се очекува Ливерпул да се обиде да ја намали оваа сума и во трансферот да го вметне Дарвин Нуњес.