Последниот меч од четвртото коло во регионалната АБА лига донесе неверојатна завршница. Во салата „Ранко Жеравица“, Мега успеа да го победи Партизан со 88:86. За актуелниот првак во АБА лигата ова е прв пораз сезонава и тоа беше во финиш кој ретко се гледа.
Екипата на Мега одлично го започна мечот и уште на стартот стигна до двоцифрена предност (17:4). Домаќините ја задржаа предноста и во втората четвртина, а во средината од третата четвртина стигна и до највисоката предност од 20 поени (52:32).
https://twitter.com/i/status/1716530467543859386
Партизан не се предаде и за неколку минути стигна до само шест негатива (67:61). Во последната четвртина Партизан прв пат успеа да израмни во финишот, кога беше 82:82, а потоа и 86:86, за да Мега го има последниот напад.
https://twitter.com/i/status/1716544757650894874
Топиќ шутираше, но не беше прецизен, но Трифуновиќ во обид да ја освои топката, си постигна автокош и тоа буквално со звукот на сирената и Мега победи.
WHAT A FINISH!@KKMegaBasket survive the thriller against @PartizanBC thanks to this unbelievable buzzer-beating game-winner!
Un-be-lea-ve-ble!#ABALiga pic.twitter.com/ZcO6SVvED8
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) October 23, 2023