Екипата на Астон вила игра одлично сезонава, со што го привлече вниманието на гигантите за нејзините фудбалери и прв кој се јави со конкретна понуда е Арсенал.
Управата на Арсенал веќе испратила неколку понуди за играчот од средниот ред Даглас Луис, но сите биле одбиени.
Менаџерот на Астон вила, Унаи Емери, и директоро Мончи воопшто немаат намера да ги слушаат понудите за нивните фудбалери од заинтересираните екипи. Англиските медиуми пишуваат дека последната понуда на Арсенал изнесувала 55 милиони евра и експресно била одбиена.
Даглас Луис во Астон вила пристигна пред четири години од Манчестер сити и досега одигра 165 натпревари, на коишто постигна 18 гола и има 14 асистенции.