Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер има нова мисија во Лигата на шампионите. Вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе гостува Кјелце, во рамките од шестото коло. Еурофарм Пелистер е единствениот тим во групата кој уште нема освоено ниту еден бод, додека полскиот гигант има две победи, едно реми и два пораза.
Еден од главните играчи кај Кјелце е Игор Карачиќ, кој со Вардар двапати беше европски првак. Карачиќ добро ги памети дуелите против Пелистер додека го носеше црвено-црниот дрес, а верува дека ќе се радува вечерва во Битола.
„Очекувам многу тежок меч и пеколна атмосфера. Неколку пати имам играно во Битола и најчесто сум победувал. Верувам дека и сега ќе биде така. Мораме да бидеме добро фокусирани и да не размислуваме на атмосферата што ќе биде во салата. Треба да се бориме како лавови“, рече Карачиќ.
Во Sport Life освен стандардната понуда за мечот, има и одличен додаток за тоа колку голови ќе постигнат одредени ракометари. Границата на Карачиќ е 3,5 погодоци, а има и тројца играчи од Пелистер во оваа интересна понуда.