Еурофарм Пелистер го претрпе и шестиот пораз во шестиот настап сезонава во ракометната Лига на шампиони откако вечерва дома беше поразен од полскиот Кјелце со 21-24.
На дебито на Бранислав Ангеловски како тренер на битолчани, по 17 и пол минути, Кјелце водеше со убедливи 9-2, смирувајќи ја публиката, и најави победа.
Кјелце во Битола беше без голманот Андреас Волф, без првиот стрелец Шимон Сичко и без ѕвездата Алекс Душебаев, но и без ова трио гостите дојдоа до нови бодови на гостувањето во салата „Боро Чурлески“.
Македонскиот првак одигра одлично во првата половина на второто полувреме, дојде до 15-16, гостите ги фати нервоза, но не дозволија да им биде целосно неутрализирана и стопена предноста и ја задржуваа предноста на еден до два гола.